Прес-конференција, Душко Весковски, организационен секретар на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Во тек е процесот на ажурирање на членството и активна регистрација, а по неговото завршување следуваат и првите внатрепартиски непосредни избори за претседател на СДСМ.
Интересот за ажурирање е голем, но важно е што и многу нови, пред се млади луѓе се приклучуваат кон нашето социјалдемократско семејство.
Радува тоа што кон партијата се приклучуваат прогресивни луѓе кои препознаваат СДСМ како партија со која е возможен напредок и развој на државата.
Денеска на пет дена до завршувањето на овој процес, ги повикувам сите членови кои досега не го ажурирале членството, тоа да го сторат во своите матични општински организации, а ја користам приликата и да ги повикам и младите овде во Карпош но и низ целата држава, да се приклучат кон СДСМ.
Сите кои ги делат социјалдемократските вредности, сите кои сакаат да помогнат во создавање и реализација на мерки и политики што носат подобра иднина за сите, да се приклучат кон СДСМ.
Во изминатите три години покажавме што значи одговорно, транспарентно и домаќинско работење и токму во таа насока продолжуваме и во овој мандат.
Почитувани граѓани, почитувани млади, приклучете се кон тимот што гради подобра иднина за секој граѓанин. Заедно сите здружени, да ги менуваме работите во општеството кон подобро.