fbpx

СДСМ поставува највисоки демократски стандарди, уште два дена до истекот на рокот за кандидатирање за претседател на првите внатрепартиски избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ е партија која постојано се менува и подобрува, државотворна партија која поставува највисоки демократски стандарди.

Информираме дека процесот за првите внатрепартиски избори е веќе во тек, трае повикот за поднесување кандидатгури за избор за претседател на СДСМ, кој ќе се одржи на 21 март годинава.

Остануваат уште два дена, согласно предвидениот роковник, односно до петок, 26.02.2021 година во којшто сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите може да се пријават.

За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот за член на некој од органите на партијата.

Детални информации, за критериумите, роковникот и постапката може да се преземат од официјалната интернет страница на СДСМ (https://sdsm.org.mk/izbori ).

За прв пат во државата преседател на партија ќе се бира на внатрепартиски непосредни избори, што претставува врв на внатрепартиската демократија и тоа го воведува СДСМ.

СДСМ постојано докажува дека е прогресивна модерна европска партија, а процесот за избор на претседател ќе биде реализиран по највисоките демократски и организациски стандарди.

Последни вести