Централниот одбор на СДСМ на деветнаесеттата седница, одржана на 16.02.2021, донесе одлука дека на 21.03.2021 ќе се одржат првите внатрепартиски непосредни избори за избор на претседател на СДСМ.
Ова е врв на внатрепартиската демократија и тоа во земјава за прв пат ќе го направи СДСМ.
Во оваа насока ЦО на СДСМ го утврди Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ и воедно донесе одлука за формирање на Централна изборна комисија која ќе ги спроведе внатрепартиските избори.
За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.
Во 80 општини каде што СДСМ има општински организации ќе се формираат општински изборни комисии и Одбори на избирачки места. СДСМ е прогресивна модерна европска партија. Овој процес ќе биде направен по највисоките демократски и организациски стандарди.
Одлука за распишување на внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ:
Централна изборна комисија на СДСМ:
Правилник за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ:
Отворен повик за самокандидирање на кандидат за Претседател на СДСМ:
Пријава за самокандидирање за кандидат за Претседател на СДСМ:
Првите внатрепартиски избори ќе бидат целосно безбедни по здравјето, како за членовите на Општинските изборни комисии, за членовите на Избирачките одбори, така и за членовите кои ќе гласаат.
Преземени се сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од КОВИД 19 а целиот изборен процес на денот на гласањето ќе се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот.
Социјалдемократски Сојуз на Македонија. Сите права се задржани