Изјава за медиуми, Никола Гичевски, советник во Советот на општина Ѓорче Петров
Почитувани,
Се што ВМРО-ДПМНЕ прави на централно и локално ниво е дејствување спротивно на интересите на граѓаните.
Денеска ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров повторно застана на спротивната страна од граѓаните, советниците од оваа партија не гласаа за усвојување на Деталниот урбанистички план за уредување на централното подрачје на Ѓорче Петров.
Советниците од опозициската партија се против развој и урбанизација на Ѓорче Петров, се противат на обезбедување подобри услови за хумано и урбано живеење во нашата општина.
ВМРО-ДПМНЕ е директно против развојот на Ѓорче Петров.
На централно ниво го кочат проектот за Клинички центар во нашата општина, а на локално ниво се спротивставуваат на урбаниот развој и хуманото живеење.
Очигледна е нервозата во опозициската партија затоа што Ѓорче Петров во последните три и пол години се развива и модернизира, откако цели 12 години под раководство на ВМРО-ДПМНЕ беше запустена и запоставена општина.
Тоа граѓаните го гледаат, затоа, со ваквото деструктивно однесување ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе губи од граѓаните и ќе остане во опозиција, како овде во Ѓорче Петров, така и на централно ниво.