Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Последните случувања во судството уште еднаш ја покажуваат потребата од прочистување на правосудниот систем.
Граѓаните се сведоци на потојани обиди за одлагање на предметот ТНТ, кој е во завршна фаза и треба да добие судска разрешница.
Денеска беа објавени информации со најави дека Апелациониот суд укинува затворски пресуди против обвинети во предмети на СЈО.
Веќе јавноста знае за информациите дека поранешниот претседател на Врховен суд држел десетици предмети во фиока.
Ова е недозволиво и мора да прекине. Граѓаните бараат правда и правда мора да има.
Се потврдува дека неопходен е процес на целосно прочистување на судскиот систем. Мора да се направи целосна разлика помеѓу оние кои ја извршуваат и оние кои ја попречуваат правдата.
Потребно е судство кое ќе испорачува правда, а не судство кое ќе застарува предмети.
Повторно ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата, веднаш да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите, а Судскиот совет мора да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на предметите.
Ја повикуваме и Европската Комисија, веднаш да го стартува инструментот за мониторинг на судските случаи за корупција и политички криминал.
Мора да се расчистат последните остатоци од заробената држава и режимот кои се се уште присутни во судството.
Пред граѓаните се заложивме за правда и тоа заедно со граѓаните ќе го обезбедиме.