fbpx

Ставаме ред на кејот 13 Ноември, партнерно се уредуваат 12.500 метри квадратни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Горан Герасимовски, претседател на ОО СДСМ Центар

Почитувани граѓани и граѓанки,

Со одговорен и посветен пристап на градската власт предводена од Петре Шилегов и СДСМ градот го менува својот лик.

Градот започнува со партерно уредување на површина од околу 12.500 метри квадратни, на делот од Кејот 13 Ноември на потегот од градскиот плоштад до булевар Стив Наумов.

Со целосно ново поплочување, патека за лица со инвалидитет, високо зеленило – дрворед, поставување на клупи, смарт клупи, корпи за џебен отпад, нови жардињери за дроредот, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски, како и нови електрични столбови заради реализирање на забраната на паркирање.

Пешаците и велосипедистите ќе имаат слободен простор, поради тоа што ќе се спречи можноста за нелегално паркирање на овој простор, а возилата ќе можат да ја користат сервисната улица најдоцна до 8 часот наутро.

Со овој проект конечно градот создава ред на овој простор, се спречува хаосот од непрописно паркираните возила кои последните десетина години го правеше небезбедно движењето на пешаците и велосипедистите.

Како партија целосно сме посветени кон создавање на еден поубав град, полн со насмевки и можности. Градот Скопје продолжува со континуирано вложување во урбанистичкото разубавување на градот.

Работиме уште повеќе за да биде уште подобро.

Последни вести