Прес конференција на СДСМ, Бетиане Китев, пратеник од СДСМ
Почитувани,
Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го гласаат Законот за одбрана е уште еден доказ за лицемерието, двојните стандарди и лажниот патриотизам на опозициската партија.
Христијан Мицкоски делува против еден од најважните законите поврзани со усогласувањето со НАТО стандардите.
На Христијан Мицкоски и пратениците на опозициската партија не им пречи во Европската народна партија, ВМРО-ДПМНЕ да биде партија од Република Северна Македонија, ама им пречи уставното име во Законот за одбрана кој е важен за усогласување со стандардите на НАТО.
Нема крај лицмерието на ВМРО-ДПМНЕ која наводно поднесува иницијативи за предвремено ратификување на Протколот за НАТО, а потоа вели дека нема да гласа за клучниот закон за НАТО.
Залудни се нивните лажни изговори за деструкциите што ги прават.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски секојдневно покажуваат дека се против ЕУ и НАТО, против напредок и интеграција.
Веќе извесно е дека стануваме 30 земја членка на НАТО и тој успех сите го честитаа и поздравија, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не го честитаа туку преку деструктивното онесување прават се за да го закочат тој процес.
Мицкоски е ист како Никола Груевски. Лажен патриотизам, лицемерие и деструкција, тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа на 12 април граѓаните повторно ќе ги поразат нивните антизападни и антидржавни политики и ќе потврдат дека државата продолжува на вистинскиот, правиот пат кој води до полноправно членство во НАТО и забрзана интеграција во ЕУ.