fbpx

Шекеринска на трибина на Форум на жени: Како прва партија која во Статутот даде целосен паритет, можеме да ја промениме не само партијата, туку и државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Шекеринска на трибина на Форум на жени: Како прва партија која во Статутот даде целосен паритет, можеме да ја промениме не само партијата, туку и државата

Општеството се менува само тогаш кога храбри лидери и лидерки ќе се одлучат да се обидат, ќе имаат решителност и волја за промени. Ниту нашата земја, ниту СДСМ досега немала феминистички претседател. Сега слободно можам да кажам дека го има, и тоа мора да се искористи, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на онлајн трибината на тема ,,На чекор до нов закон и нови механизми за родова еднаквост“ во организација на Форумот на жени на СДСМ, по повод меѓународниот ден на жените-8 март.

Таа нагласи дека битката за правата на жените и за рамноправност често пати ќе ја прогласиме за завршена, но кога прв пат влеговме на пазар на труд, во семејните води и секако во партиските води сфативме дека битката допрва не чека, дека законот вели еднаква си, но некои се поеднакви од тебе.

Ние сме горди социјалдемократи, први воведовме квоти во партијата и почнавме со 20 проценти. Денеска имаме 47% застапеност на листите и во Собранието на жените. Но, мора да продолжиме понатака. Ако ги погледнеме бројките каде нема квоти, во делот на градоначалнички, реалноста е многу слична како во деведесетите години. Тоа е нашата следна цел, рече Шекеринска, нагласувајќи дека целиот развој, битката за квоти, која изгледаше неверојатно, беше дело на СДСМ и треба да се потсетиме и да се пофалиме и тоа да ни даде дгордост и сила.

Сега кога сме прва партија која во Статутот даде целосен паритет, знаеме дека можеме да ја промениме не само партијата, можеме да ја променинме и државата, порача Шекеринска, додавајќи дека сме позитивен пример и инспирација за жените во регионот.

Шекеринска истакна дека феминистичките предизвици во иднина ќе бидат да им овозможиме на нашите колешки да бидат активни и покрај обврските во семејството, а втора тема е влијанието на социјалните мрежи врз самодовребата, позицијата и силата на жените.

Законот треба да ја покаже политичката волја, да продолжиме да се менуваме и да покажеме дека не се откажуваме, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на онлајн трибината на Форумот на жени на СДСМ.

Последни вести