Соопштение за јавност
Спасовски на онлајн трибина на Форумот на жени на СДСМ: Ќе формираме посебна единица за борба против родово насилство
Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски вечерва се обрати на онлајн трибина организирана од Форумот на жени каде најави дека наскоро ќе се форимира посебна единица на Министерството за внатрешни работи која ќе се бори против родово базираното насислтво.
„Горд сум што напорно работевме на подготвувањето на Законот за спречување на семејното насилство заедно со невладиниот сектор и надлежното министерство да ги елиминираме сите досега осознаени проблеми и кочници во постапувањето при откривањето и превенирањето на појавите на насилството врз жените и девојчињата и семејното насилство. Меѓутоа, ние сите знаеме, дека само усвојувањето на нови законски одредби не може во целост да го реши проблемот, потребна е силна комплексна активност на сите чинители во овој синџир на превенирање и постапување и тоа, од МВР, Јавното обвинителство, судовите, социјалните служби, образованието, граѓанскиот сектор, медиумите и сите други општествени чинители кои имаат надлежност и одговорност во оваа сфера. Во тој контекст МВР активно работи на барање нови форми за зеднички партнерски пристап со невладиниот сектор и граѓаните, особено девојчињата и жените кои најчесто се жртви на вакви подмолни облици на деградирање. За таа цел, Министерството ќе предложи формирање на посебна единица, посебен Таск форс за борба против родовото насилство, составен од преставници на повеќе државни органи, обвинителството, судот и полициски структури како и преставници на граѓанскиот сектор, што ќе преставува своевиден линк за брзо реагирање, санкционирање и превенирање на овие појави. Нашето искуство во министерството за внатрешни работи за формирањето и ефикасноста на делувањето на овие форми е исклучително позитивно и покажува дека вакви мешовите облици на стратешко и оперативно зедничко делување на повеќе надлежни институции секоја во својот делокруг, доведува до брзи реакции, брзи завршници. Исто така, оваа еднициа ќе креира стратегија и планови за заеднички активности, почнувајќи од обуки на полицијата и другите државни оргаани, како и други адекватни активности во медиуми, образованието и во сите други области кои мора да бидат активни чинители во синџирот на постапување.
Потпретседателот Спасовски потенцираше дека Министерството за внатрешни работи е пример за еднакви шанси за унапредување на жените во хиреархијата, дека и полицијата е место каде жените можат да напредуваат и да извршуваат важни и одговорни позиции.
„Горд сум на процентите кои покажуваат зголемување на учеството на жените во управувачката структура на министерството кое јас го раководам, во редовите на полицијата, а особено во командните структури на полицијата. Во 2015 година нема ниту една жена командир на полициска станица, а сега има неколку, како на пример во Куманово, на најголемиот граничен премин „Богородица“ во Гевгелија, но и во други неколку градови“ посочи Спасовски.