Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ продолжува бесрамно да и злоупотребува жртвите од коронавирусот и нивните семејства во дневнопартиски цели.
За очајното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски, човечките трагедии се само статистика таксативно наброена која служи за неосновани напади и деструкции.
Јавноста памети за некрофилските настапи на оваа партија кога се правеа мрачни перформанси каде се шегуваа со лицата почитани или заразени од КОВИД 19.
Од почетокот на кризата со коронавирусот, па се до денеска, ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски не стори ништо за да им помогне на здравствените работници.
Напротив, од белиот дворец свесно ширеа лажни вести во обид да го поткопаат здравствениот систем и да ги понижат здравствените работници, свесно ги кршеа мерките и забраните и се однесуваа опасно по јавното здравје.
Тоа е само уште еден доказ за неодговорното и нечесно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Заради тоа шест пати губат на избори и заради тоа уште долго ќе се опозиција.