Соопштение за јавност
Очајот и нервозата во белиот дворец секојдневно растат затоа што Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ не успеваат да го одбранат криминалот.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во континуитет се поразувани и од граѓаните и од правдата.
Неуспешното бегство на Сашо Мијалков, менторот на Мицкоски е последниот обид на ВМРО-ДПМНЕ да ги заштити криминалците во своите редови, последниот пораз во низа на Мицкоски на тема правда.
Мицкоски и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ немаат капацитет за никакво заедништво, затоа што се единствените кои се на браникот на криминалот.
Обнова на режим, одбрана на криминалот и лажни вести, тоа се што нуди ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните. Затоа шест пати се поразувани на избори затоа уште долго ќе бидат опозиција.