fbpx

Блокадите за изградба на Клинички центар се незрело и деструктивно дејствување, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да застанат на страната на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

Блокадите на изградбата на нов Клинички центар од страна на ВМРО-ДПМНЕ пример за неодговорно, незрело дејствување на директна штета на граѓаните и државата.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е на страната на криминалот во сопствените редови, наместо да биде на страната на интересите на граѓаните.

Со овој проект, државата за првпат по цели 80 години ќе добие нов современ, модерен Клинички центар.

Да се биде против овој проект, значи да се биде против интересите на граѓаните и на државата.

Очигледно е дека единствената намера на ВМРО-ДПМНЕ е да спречи развој на македонското здравство, да блокира се што е во интерес на граѓаните и државата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и за промена да почнат да работат за граѓаните, да се откажат од блокадите, да ги повлечат 2.000 амандмани со кои се кочи овој важен проект.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да покажат дека ја научиле лекцијата од сите досегашни порази и да застанат зад интересите на граѓаните кои ги избрале.

СДСМ и парламентарното мнозинство ќе ги преземат сите неопходни чекори за да се надминат овие апсурдни блокади кои служат единствено за внатрепартиска употреба на Мицкоски.

Последни вести