Прес конференција, Елизабета Чилевска Пандева – ОО СДСМ Валандово
Почитувани граѓани,
Во изминатиот период, донесени се редица мерки од страна на Владата предводена од СДСМ, кои го подобруваат животот на граѓаните и ги подобруваат состојбите во сите сфери на општественото живеење. Донесени се мерки кои значајно ги подобруваат состојбите во образованието, здравството и социјалата.
Една од најзначајните мерки кои ги воведе оваа Влада е минималната плата. Претходно,законски утврдената минимална плата повторно е зголемена, овојпат за дополнителни 2 000 денари и сега ќе изнесува 14 500 денари. Споредбено со декември 2017 година, минималната плата сега е повисока за 5500 денари и овој тренд на нејзин раст, ќе продолжи и понатаму. Ова е од особена важност за валандовските работнички и работници, во сите сектори кои овде се застапени, така што платите ќе пораснат и до 27 %. Истовремено, државата ќе ги субвенционира придонесите од 600 до 6 000 денари за сите компании од приватниот сектор коишто ќе ги зголемат платите за оваа сума на работниците, независно дали се минимални или повисоки. Овие субвенции ќе можат да се користат во наредните три години и ќе допринесат кон дополнителен раст на просечната плата во државата. Оваа мерка е суштествена за оваа Влада на која целта и е останување на младите во државата.
Во образованието пак, слушнати се барањата на наставниот кадар и покачени се платите на вработените во основното, средното и високото образование од 10 %, започнувајки од 1 јануари 2020 година. Ова е трето покачување по ред, откако претходно веќе двапати се зголемија платите по 5 %. Наставниците и професорите севкупно добиваат повисоки плати за 20 %. Мораме да потенцираме дека гласот на наставникот конечно е слушнат по долги години глува власт. Целта на ова е подобрување на образовниот процес, заштита на наставничкиот дигнитет и поголема мотивација за вработените во образованието.
Исто така, платите на здравствените работници од февруари 2020 година ќе се зголемат рекордно. За лекарите специјалисти се зголемуваат за 25 %, а за медицинските сестри за 10 %. Кумулативно, заедно со сите други зголемувања од 2018 година наваму, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40 %, а на медицинските сестри над 20 %. Просекот на платата на лекарот специјалист во општите болници ќе биде помеѓу 85 и 88 илјади денари, заедно со дежурствата и согласно бројот на дежурства, може да достигне и до 100 000 денари.
Почитувани граѓани, имаме слух за секого. Не отфрламе никого. Создаваме подобри услови за живот овде. Вратена е слободата, заборавен е реваншизмот. Темелите ги изградивме, целите ги поставивме. Продолжуваме напред кон посветла иднина, без изговори. Заедно сме, на прав пат.