Соопштение за јавност
По успешната ратификација на Протоколот за пристапување во 28 земји членки, останува уште само ратификацијата од страна на Шпаниија, по што Северна Македонија и официјално станува 30 земја членка на НАТО.
Тоа е реализација на една голема и важна стратешка цел, сонот на генерации граѓани се остварува, целосно е заокружена цел поставена уште од Денот на независноста на државата.
Рамо до рамо со светските лидери, во најмоќниот свтетски сојуз.
Влезот во НАТО значи трајно обезбедување на стабилноста, сигурноста и безбеденоста, но влезот во НАТО значи и можност за дополнителен економски раст, нови инвестиции, освојување нови пазари и отворање на нови и подобро платени работни места.
Сето тоа значи повеќе пари за граѓаните.
На прав пат сме, од заробена, изолирана држава денес сме партнер на регионот и демокартскиот свет, со сигурна и стабилна иднина