Прес конференција на СДСМ, Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Денеска пред членовите на собраниската Законодавно-правна комисија е барањето на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.
Целта на СДСМ е еднаш засекогаш да се затвори нелегалната аболиција од Ѓорге Иванив, против која застанаа сите слободоумни граѓани но и ние.
Како претставници на граѓаните, имаме должност да застанеме во одбрана на правдата и неселективното владеење на законите.
Затоа, ги повикуваме повторно сите пратеници, особено од ВМРО-ДПМНЕ, да покажат одговорност и да го поддржат Барањето за автентично толкување.
Особено сега откако Владата го усвои мислењето да се прифати иницијативата а Уставниот суд ја одложи расправата за поднесената иницијатива која е обид за враќање на аболицијата на Иванов.
Јавноста знае дека зад аболицијата на Иванов стоеа и денеска стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту тогаш ниту пак сега има правна можност да се даде такво помилување и обидот на Иванов за аболиција е незаконски и ништовен.
Актуелните случувања во судството покажуваат дека прво мора да ја затвориме нелегалната аболиција на Иванов, а потоа да се посветиме на реформи во судството и целосен ветинг врз судиите и обвинителите.
Уште еднаш го повикуваме и Христијан Мицкоски, наместо несериозни предлози, јавно да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето за автентичо толкување.
СДСМ нема да дозволи амнестии, одговороност за сите мора да има.