Соопштение за јавност
Редно е Христијан Мицкоски јавно да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат автентичното толкување поднесено од СДСМ.
Затоа што со автентичното толкување во Собранието на членот 11 од Законот за помилување се спречуваат обидите на остатоците од режимот и сваровски судството за избегнување на правдата и се затвораат целосно прашањата со незаконската аболиција на Ѓорге Иванов.
СДСМ била и останува на страната на правдата .
Јавноста знае дека срамната и незаконска аболиција на Иванов е производ на ВМРО-ДПМНЕ, јавноста знае дека оваа партија никогаш не се изјасни против и силно ја бранеше кога граѓаните протестираа на улиците.
Очигледно е и дека зад случувањата диригирани од остатоците на „заробената држава“ во судството, заедно со последните најави од Уставниот суд, стои ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи попречување на правдата и опструкции на правниот систем.