Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Вакцинирањето на здравствените работници кои работат со ковид пацинети и имаат контакти со заразени од ковид за ВМРО-ДПМНЕ е незначајно.
За ВМРО-ДПМНЕ е незначајно тоа што се вакцинираат здравствените работници изложени на голем ризик од зараза од Ковид 19! За ВМРО-ДПМНЕ е незначајно што се вакцинирани здравствените работници од ковид центрите, првата помош, јавните и приватни здравствени установи, здравствените работници од лабораторииите, од центрите за јавно здравје, аптеките, здарвствените работници од хируршките клиники, здравствените работници од останатите клиники кои се во непосреден контакт со ковид пацинети, за ВМРО-ДПМНЕ е незначајно што се вакцинирани матичните лекари, матичните гинеколози и стоматолози.
Кога не се работи за партиски интерес и спас на фотељата на Мицкоски за ВМРО-ДПМНЕ се е безначајно. Затоа шест пати се поразувани од граѓаните и одново ќе бидат поразени.