Прес конференција, Дафинка Петрова – Кординатор на Форум на Жени на ОО СДСМ Кавадарци
Почитувани претставници на медиумите,
Почитувани граѓани,
Почитувани земјоделки,
Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз продолжува со унапредување на условите во земјоделието. Покачени субвенции, воведени нови мерки со кои се подобрува условите во земјоделието, воведување на зелена нафта и многу други поволности, со кои се покажува дека земјоделието е На Правиот Пат.
Платежната Агенција оваа година за прв пат објави Јавен повик за доставување на барања за мерка 115 „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за рурален развој.
Целта на оваа програма е да се подобри економската состојба на жените, да се зголеми бројот на жени регистирани како земјоделки, а со самото тоа подеднакво да придонесат во развој на земјоделието.
Максималната подршка е во изност од 180 000 денари или 3000 евра во вид на гранд или неповратни средства.
Крајниот рок на доставување на барањата е 26-ти декември 2019 година. Корисници на оваа мерка можат да бидат земјоделски стопанства чии носител е жена.
Оваа мерка беше креирана од страна на посебна новоформирана Работна група за родова еднаквост и зајакнување на жените.
Нашата посветеност и новиот концепт на ефективна работа дава јасен знак дека сме на прав пат. СДСМ уште позасилено ќе делува во правец на модерзнизирање на земјоделството, враќање на достоинството на земјоделците и воведување на повисоки стандарди за живот во руралните средини.
Ги охрабтуваме сите заинтересирани жени „земјоделки“ од општина Кавадарци да аплицираат на објавениот оглас.