Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
П1: ВМРО-ДПМНЕ тврди дека има грешки во барањето што сте го доставиле, сте побарале толкување на член 11, а не на член 11а?
Александар Николовски рече дека просто правата била грешка во оваа држава, мислејќи дека се врзуваат по однос на некоја грешка во поднесувањето на автентичното толкување на членот 11 од законот за помилување. Апсолутно, легитимно е да се изјаснат за автентичното толкување и да видиме како ќе се изјаснат колегите пратеници. Ако сме навистина на страната на правдата треба да го поддржиме, барањето за автентичното толкување, затоа што правна пракса е, и се знае како се поделени улогите во оваа држава. Се знае кој е законодавец и кој ги носи законите и нормите, тоа е Собранието и пратениците, во ниеден случај тоа не може да биде Уставниот суд и тој не може да ја земе улогата на Собранието и да врати во живот, мртва норма која е веќе укината до Собранието. Во таа насока, уште еднаш апелираме до сите пратеници, да го поддржат барањето за автентично толкување и да покажеме пред граѓаните, дека ќе направиме се, да ја воспоставиме правната држава во нашата земја.
П2: ДУИ дали ќе ја поддржи оваа иницијатива, сметате дека ќе се изнајде кворум за гласање?
На потег е Собранието и сите пратеници, за да покажеме и докажеме пред граѓаните дека вистински се залагаме за правда, а не декларативно. Ние во Собранието да покажеме дека сме на страната на правдата и да покажеме дека секој којшто се огрешил од законот, треба да одговара. Јас сум убеден дека ќе се изнајде начин помеѓу пратениците, и ќе се поддржат автентичното толкување поднесено од страна на СДСМ.