Прес конференција, Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за економија на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
СДСМ продолжува преку конкретни реформи и мерки да ја стабилизира и унапредува македонската економија. Во текот на овие 2 и пол години СДСМ со бројки и со факти докажува дека економијата на прав пат и не застануваме тука.
Владата ги усвои измените на Законот за трговски друштва, со кој се намали минималниот износ за основање на друштво со ограничена одговорност (ДОО и ДООЕЛ) од сегашните 5.000 евра на само 1 евро. Овие фирми ќе имаат посебна ознака, односно ќе се викаат „посебно друштво со ограничена одговорност“ .
Со намалувањето на потребниот износ за основање, ќе им се овозможи граѓаните да основаат фирма со минимални трошоци и да ги реализираат своите идеи и бизнис планови преку новоотворени фирми. Ние веруваме во македонските граѓани дека имаат идеи, а бидејќи идеите се капитал, го отвораме бизнис секторот, го правиме достапен за сите и повикуваме на натпревар на идеи и конкурентност.
Интензивно ги реализираме ветувањата дадени во „План за живот“.
Ајде да зборуваме со факти и прецизни бројки.
ФАКТ Е дека минималната плата неколкукратно се зголеми и со последните усогласувања изнесува 14.500 денари, што е зголемување за 5.500 денари за само три години. Доколку направиме годишна пресметка, минималната плата на годишно ниво ја зголемивме за цели 66.000 денари или 1.100 евра.
ФАКТ Е дека за три години порасна и просечната плата за над 3.200 денари, со што се зголемија приходите на најголем број домаќинства во нашата држава. Просечната плата на годишно ниво е зголемена за околу 39.000 денари или 650 евра.
ФАКТ Е дека успеавме да ја намалиме невработеноста на историски најниски 17.5 проценти, а за само 2 и пол години се отворија над 54.000 работни места.
ФАКТ Е дека го поддржуваме растот на плати во приватниот сектор. Се субвенционираат придонесите за покачување на платите до 6.000 денари.
ФАКТ Е и зголемувањето на пензиите, кои ќе се зголемат за околу 900 денари. Пензионерите ќе земаат околу 10.000 денари повеќе секоја година.
Сето ова се факти, бројки и математички мерливо.
Официјалните податоци се доказ за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.
Остануваме посветени да работиме исклучиво во интерес на граѓаните.
Градиме конкурентна и развојна економија, вложуваме во човечкиот капитал и мислиме на нашата иднина.
На прав пат сме.