fbpx

ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за тутунарите, а во Собранието кочи мерка за исплата на шест милиони евра кон тутунопроизводителите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Грижата на ВМРО-ДПМНЕ кон тутунарите е лажна и лицемерна, токму оваа партија преку Комисијата за финансирање и буџет го кочи петтиот пакет мерки преку кои државата оддели шест милиони евра за помош на тутунопроизводителите, порача пратеникот на СДСМ Миле Талески на денешната собраниска седница.

Талески истакна дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во изминатите години покажува грижа за сите земјоделци особено за тутунопроизводителите и тоа е потврдено со официјални податоци.

„ВМРО-ДПМНЕ лаже дека годинешната просечна откупна цена на тутунот е најниска во последниве 15 години. Во 2010 просечната цената на килограм тутун била 136,6 денари, во 2011 година, 164 денари, во 2014 година 117 денари просечна цена. За разлика од тогаш, во 2017 година, просечната цена е 217 денари за килограм тутун, во 2018 година таа е 214 денари, во 2019 е 220 денари, тоа е реалноста, тоа е вистината, порача пратеникот Талески повикувајќи ги ја ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја злоупотребува маката на тутунарите во обид да спечалат ситни политички поени.

 

Последни вести