fbpx

СДСМ го унапредува земјоделството, објавен е оглас за грантови од 3.000 евра за жени земјоделки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Татијана Лалчевска – координаторка на Форумот на жени на ОО СДСМ Тетово и пратеничка од СДСМ

 

Почитувани,

Социјалдемократскиот сојуз активно работи во насока на постојано унапредување на земјоделството. Преку подобрување на условите за земјоделците и намалување на нивните трошоци овозможуваме повеќе пари да завршат кај секој земјоделец.

Со последните измени на законот за земјоделство и рурален развој, обезбедивме дополнителна помош за младите земјоделци со воведување на мерка за вршење на дејност во висина од 20 илјади евра.

За прв пат, воведовме мерка за финансиска поддршка на жените земјоделки, чија цел е подобрување на економската состојба на жената, зголемување на бројот на регистрирани жени земјоделки кои директно ќе придонесат за развој на земјоделството.

Оваа мерка ја креираше новоформираната работна група за родова еднаквост и зајакнување на жените, со силна поддршка од UN Women, Организацијата на Обединетите нации за родова еднаквост и унапредување на жената.

Во тек е јавниот повик за поднесување на барања за мерката 115 “Активен женски член во земјоделското домаќинство” од програмата за рурален развој. Максималната финансиска поддршка е во износ од 180 илјади денари или 3 илјади евра во форма на грант. Крајниот рок за поднесување на барањата е 26-ти декември 2019 година.

Оваа мерка е наменета за проекти кои се однесуваат на доработка и преработка на примарни земјоделски производи од сите земјоделски гранки.
Во моментов се регистрирани 170 илјади земјоделци, од кои 37.186 се жени или во проценти 21,7. Затоа ги мотивираме, ги охрабруваме и им помагаме на жените од руралните средини да бидат самостојни и да отпочнат свој бизнис. Инвестирањето во жените земјоделки е инвестирање во еднакви можности за сите во државата.

Развојот и унапредувањето на земјоделството се приоритети за СДСМ.

Земјоделските мерки на СДСМ се на прав пат.

 

 

Последни вести