Соопштение за јавност
Почитувани,
Утре, 21.03.2021 година, недела, СДСМ ги организира првите директни внатрепартиски избори на кои сите активно регистрирани членови ќе го бираат Претседател.
Како врв на внатрепартиската демократија и како настан којшто за прв пат се случува во нашата земја, го покануваме вашиот медиум да го проследи процесот на гласање на избирачките места како и објавата на резултатите.
Избирачките одбори и Општинските изборни комисии ќе да им обезбедат непречена работа на медиумите и медиумските работници кои сакаат да проследат гласањето на избирачките места. Секако со почитување на неколку основни правила, за изборниот процес да тече нормално и непречено, согласно утврдените критериуми и стандарди.
Медиумите или нивни претставници ќе треба да покажат медиумска, прес картичка, со којашто ќе потврдат дека станува збор за лица вработени или ангажирани од одреден медиум.
На избирачките места ќе може да се снима или фотографира со почитување на протоколите за заштита на здравјето, водејќи грижа за заштита на личните податоци на гласачите (наведни во Избирачкиот список) почитувајќи ја тајноста на гласањето.
Во прилог испраќаме и информации (адреса, локација) за дел од избирачките места, кои се лесно достапни за медиумите.
Информации за дел од локациите на избирачките места (ЛИНК)
Доколку постои интерес кај медиумите за дополнителни информации за останатите избирачки места како и за други информации на располагање е Секретарот на Централната изборна комисија на СДСМ, Бранко Георгиевски (070 306-774) како и лицата од Центарот за комуникации на СДСМ.
За времето на соопштување на првичните резултати од гласањето, како и за излезноста, дополнително ќе информираме во текот на утрешниот ден.
Првите внатрепартиски избори ќе бидат целосно безбедни по здравјето на сите.
Преземени се сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од КОВИД 19 а целиот изборен процес на денот на гласањето ќе се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот.
Изборите ги спроведува Централна изборна комисија во сите 80 општински ораганизации. Има 80 Општински изборни комиси и 237 Избирачки одбори, а изборите ќе се спроведат на исто толку Избирачки Места.
Сите информации поврзани со изборниот процес за првите директни внатрепартиски избори се достапни на официјалната интеренет страница на СДСМ или директно преку следниот линк: https://sdsm.org.mk/izbori
Центарот за комуникации на СДСМ стои на располагање за дополнителни информации доколку имате потреба.