fbpx

Со буџетот за 2020 за труд и социјална политика, 47.5 милијарди денари завршуваат назад кај граѓаните, се грижиме

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Предлог Буџетот за 2020 во делот на социјалната политика ги потврдува заложбите за градење на фер и праведно општество кое извлекува од сиромаштија.

Со предлог буџетот инвестираме во човечкиот капитал и обебзедуваме социјална сигурност за ранливите категории.

Концептот парите кај граѓаните продолжува со уште позасилена динамика.

Потврда за тоа е Буџетот за 2020 година во труд и социјалната политiка.

Од 48,6 милијарди денари колку што е вкупниот буџет, дури 47,5 милијарди денари завршуваат назад кај граѓаните.

10,5 милијарди денари се предвидени за социјални трансфери.

Од овие пари, 600 милиони денари се предвидени за исплата на детски додаток, за образовен додаток 672 милиони денари, а за социјална пензија 468 милиони денари. Со останатите средства ќе се исплаќа гарантираната минимална помош и други социјални трансфери.

За новата мерка субвенционирање на плати планирани се 2,4 милијарди денари, додека за исплата на месечниот додаток од 3.000 денари за млади вработени во производство предвидени се 160 милиони денари.

За изградба, реконструкција и опремување на детските градинки предвидени се 105 милиони денари, или над 17 милиони денари повеќе.

Растат и средствата предвидени за Оперативниот план за активни мерки за вработување, за кој за 2020 година се планирани 1,3 милијарди денари.

Почитувани, 

Ова се само дел од мерките опфатени со Буџетот за 2020 година.

Како одговорна партија продолжуваме со мерките што извлекуваат од сиромаштија и обезбедуваат повеќе пари во секое семејство.

Продолжуваме на прав пат, се грижиме за сите граѓани.

Последни вести