Филипче за мастер планот на СДСМ: Сите граѓани ќе добијат акции, ја исправаме неправдата со приватизацијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето на Алсат телевизија најави дека мастер планот на СДСМ предвидува сите граѓани да добијат акции во државни компании што успешно работат. Со ова, како што истакна Филипче, ќе се исправи неправдата од времето на приватизацијата. Меѓу клучните политики на СДСМ се и финансиската поддршка за сите категории граѓани, борбата против корупцијата и воведувањето прогресивен данок.

„Ние даваме добри предлог-мерки, комуницираме со граѓаните, имавме конгрес на којшто донесовме програмска платформа, одлични предлог-мерки има по сите сектори и го презентиравме. Нашиот мастер план, во следниот период детално ќе го презентирам на јавноста. Сакам да знаат граѓаните што точно ќе предложиме во пресрет на следните парламентарни избори, кога и да бидат тие, дали ќе бидат предвремени или редовни. Сакам да знаат дека главните постулати на таа програма се европската иднина на Македонија, понатаму борбата со корупцијата, високо на нашата агенда, соработката со Европското обвинителство, понатаму ветингот на сите поранешни функционери, пакет на финансиска помош за сите категории граѓани, со точно наведен извор од каде тие пари ќе дојдат, понатаму, конечно, сите граѓани акционери на државните компании кои добро работат“, истакна претседателот на СДСМ.

Филипче нагласи дека сите граѓани да добијат акции за да се исправи неправдата од приватизацијата.

„Лотарија на Македонија е една од нив. Сите граѓани ќе добијат акции. Се исправува неправдата од времето на приватизацијата“, рече Филипче.

Тој посочи дека мастер планот предвидува и прогресивен данок, како дел од политиките за поправедна распределба на капиталот.

„Огромно мнозинство од генерацијата Z во Америка, 60–70 проценти, смета дека треба да има прогресивен данок. Оттука и нашата политика во рамките на мастер планот да воведеме прогресивен данок. Политиките во сите земји во светот ги носат најбогатите луѓе, а на второ место е влијаењето на владите. Понатаму ги поддржуваат синдикатите. Дури некои се залагаат за учество на работниците во менаџирањето на компаниите“, рече Филипче.

Тој порача дека СДСМ има јасна понуда за граѓаните и дека со поддршка на следните избори ќе ги спроведе најавените политики.

„Сакам да им упатам јавна и јасна порака на граѓаните дека вистинските политики се на страната на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. И дека ако ни дадат поддршка на следните избори, кога и да биде, ќе ги исполниме очекувањата? Со Европа, со антикорупција, високо на нашата агенда, со добри мерки за граѓаните, со прогресивен данок, со сите социјалдемократски политики и со акции кај граѓаните“, истакна Филипче.