Прес конференција, Едмонд Адеми, претседател на Комисија за надворешни работи на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Самитот на Европската народна партија во Загреб, каде што е членка ВМРО-ДПМНЕ целосно ги порази лицемерните и лажни политики на Христијан Мицкоски.
Освен што се покажа дека едно зборува дома, а друго надвор, Мицкоски доживеа дебкал на клучните стратешки теми.
Со првата резолуција ЕПП заклучи дека ЕУ со неносењето одлука за почеток на преговорите, направила историска, геостратешка грешка.
Тоа е потврда дека од наша страна е направено се, но дека одлуката на ЕУ е поради внатрешни проблеми во самата Унија. Тоа е првата шлаканица за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои виновници бараа внатре во земјата.
Втората шлаканица дојде со втората Резолуција каде ЕПП даде поддршка на сестринската Демократска партија од Албанија, но никаде не споменува поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски.
Мицкоски на Самитот пред бугарскиот премиер Бојко Борисов, јавно пред камери кажа дека го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија иако две години зборува токму против тој Договор.
Мицкоски дома зборува дека не го признава уставното име, но на Самитот на ЕПП нема проблем неговата партија да биде претставничка од Република Северна Македонија.
Мицкоски остана заглавен во матрицата на Груевски. Нема програма, нема идеја, нема план, нема став.
Само деструктивно однесување, блокади и обиди за кочење на евроинтегративните процеси.
Со таква понуда Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да очекуваат само пораз на предвремените парламентарни избори.
Граѓаните знаат какви последици донесоа овие политики на ВМРО-ДПМНЕ. Цели 11 години евро-интеграциите беа закочени, државата изолирана, скарана со соседите, без перспектива и со неизвесна иднина.
За само 2.5 години сето тоа е променето благодарение на СДСМ.
На 12 април граѓаните ќе пoтврдат дека државата треба да продолжи на прав пат.
Тоа е патот на интеграцијата во НАТО и ЕУ, во градење на пријателство со соседите, напредок и сигурна иднина.