Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно покажа дека стои зад насилствата од 27 април кога во Собранието се случуваше обид за убиство на пратеници, полицајци и новинари.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски упорно стои на браникот на криминалот и криминалците.
Единствена задача на губитникот Мицкоски е да го одбрани криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, нему ниту му е до граѓаните ниту до државата.
Затоа е поразуван од правдата, затоа е шест пати поразуван на избори, затоа му следи нов пораз на локалните избори на есен и токму затоа уште долго ќе биде опозиција.