Прес конференција, ОО СДСМ Валандово
Почитувани граѓани,
По долги години стагнација и назадување, денес повторно бележиме развој и грабиме кон иднината. Се наоѓаме пред влез во НАТО и ги отстранивме сите пречки за добивање на датум за преговори со ЕУ. Немаме ниту еден отворен спор со соседите, економијата бележи раст како никогаш во последните петнаесетина години, со силен интензитет растат платите, социјалната помош е надградена и триплирана, ниту еден не е замолчан и секој еден е важен.
Во општина Валанодово пак, се решаваат најгорливите проблеми на граѓаните. Запрена е изградбата на рудникот во Казандол, решен е проблемот со градските гробишта,целосно е реконструиран градскиот булевар „Првомајска“ и централната детска градинка „Калинка“. Изградени се нова детска градинка во Брајковци и ново подрачно училиште во Казандол. Се изведува систем за наводнување во вредност од 24 милиони евра, канализационен систем во Брајковци и Балинци, се уредуваат нови туристички локации и се изградија десетици нови улици.
Трасиран е нов пат, кој значи надеж и опстој овде.
Во тоа име, ве повикувам на граѓанската трибина која ќе се одржи на 22.11.2019 година петок во 20;00 часот во кино салата во Валандово.
Ќе разговараме за се што е сработено до сега и за се што мора да се сработи во иднина. Ќе ги презентираме идните чекори до крајната цел.
Европска Македонија со загарантирана безбедност, силни пријателства и подобар живот во неа.
Ве очекуваме.
Благодарам.