Прес- конференција, Бисера Костадинова Стојчевска, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа за сите граѓани.
Продолжуваме со мерки и политики кои го подобруваат економскиот стандард на граѓаните и ја намалуваат стапката на невработеност.
Во таа насока е и Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување кој за оваа 2021 е димензиониран на 1,5 милијарда денари, односно околу 24,5 милиони евра.
Со овој Оперативен план ќе бидат опфатени 10.279 лица.
Една од главните цели на Оперативниот план е различни ранливи категории на невработени лица, млади лица, жени, лица со попреченост, лица кои ја загубиле работата поради корона кризата, побрзо и полесно да пристапат на пазарот на трудот и да добијат вработување.
Истовремено, преку мерката „Економија на грижа“, односно преку Обука и вработување на лица за услуги на грижа во заедницата за лица со попреченост и лица со хронична болест, се обезбедува обука за невработени лица за стекнување стручни квалификации и вештини.
Со оваа мерка опфатени се 150 лица кои во следните 10 месеци ќе обезбедуваат грижа за лицата со попреченост и за лицата со хронични болести и за тоа ќе добиваат месечен надоместок од 30.780 денари.
Невработените лица и работодавачите веќе можат да аплицираат за програмите и мерките за вработување за кои веќе се објавени јавните огласи, односно за програмата Самовработување, мерката Субвенционирање на плати, програмата Практиканство, мерката Обука на работно место за познат работодавач и програмата Јавни Работи.
Ги повикуваме сите кои ги исполнуваат критериумите, да се пријават и да бидат опфатени со некоја од мерките и програмите од Оперативниот план.
Како одговорна партија, продолжуваме со мерки и политики за поддршка за креирање на нови работни места и зголемување на вработливоста на лицата кои се невработени.
Грижата за сите, а особено за најранливите продолжува уште повеќе и уште подобро.