Прес конференција, ОО СДСМ Велес
Почитувани граѓани на општина Велес,
Во изминатиот две и пол годишен период, избравме пат што води кон модерна и европска држава. Пат, кој води кон развој и просперитет!
Наместо фокус кон минатото, изолација, споменици и жални врби, се одлучивме за иднина,интеграција, економија, социјална сигурност и повисок животен стандард на сите граѓани!
Трасиравме пат, кој донесе раст на минималната плата од 9.000 на 14.500 денари!
Но и раст на платите во образованието, здравството, армијата, полицијата, детските градинки, културата.
Сведоци сме и на огромно зголемување на социјалната помош, како и на повисоки пензии,субвенции и инвестиции во земјоделието.
Нашата крајна цел е,СИТЕ ПЛАТИ ВО ДРЖАВАТА ДА РАСТАТ И ПАРИТЕ ДА ГИ ВРАТИМЕ КАЈ ГРАЃАНИТЕ!
Почитувани Велешани,
Во изминатиот период, организиравме стотици урбани и маалски средби за да ги слушнеме Вашите реални проблеми и барања. Ние веруваме дека само заеднички, можеме да трасираме пат, кој ќе доведе до подобра иднина за сите!
Продолжуваме со уште појако темпо и во наредниот период. Со отворен, искрен и чесен пристап, преку директни разговори, да изнаоѓаме решенија и да ги градиме државните и локалните политики.
Затоа, ја користам оваа прилика, од името на Општинската Организација на СДСМ во Велес, да Ве повикам да ни се приклучите на отворената граѓанска трибина, која под мотото “На прав пат”,ќе се одржи утре, сабота, 16.ноември, со почеток во 13 часот во зградата на театарот „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“.
На трибината ќе се обратат:
Претседателотна СДСМ, Зоран Заев, како и Претседателот на комисијата за финансии, Фатмир Битиќи и Градоначалникот на општина Велес, Аце Коцески.
Со масовното присуство на оваа трибина, да покажеме дека Велес, продолжува по правиот пат!
Ви благодарам!