Прес конференција, ОО СДСМ Кавадарци
Во текот на вчерашниот ден се одржа 34-та седница на Советот на Општина Кавадарци.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ како и во многу наврати наместо да го избере доброто за граѓаните, да останат на седницата на Совет и да отворат дебата за решавање проблемите на граѓаните, да гласаат за одлуки со кои се подобрува општественото живеење и општествените услови на граѓаните, тие како приоритет го избраа доброто на нивната партија.
Тие ја избраа наредбата издадена од страна на нивниот лидер Христијан Мицкоски, за опструирање на политиките предложени од страна на градоначалникот на Општина Кавадарци, со што ја покажаа својата неодговорност, својата непрофесионалност, и ја напуштија седницата на Совет без аргументирано образложение.
На вчерашната седница Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за реконструкција на водоводна линија и атмосферска канализација во село Сопот, вредна 20.000.000 денари.
Со ова ВМРО-ДПМНЕ повторно ја покажаа својата негрижа кон решавање на овој децениски проблем кој со години ги тишти жителите на с. Сопот.
Како политичка партија во Собранието не гласаа за покачување на минималната плата, во општина Кавадараци не гласаат за реконструкција на водоводна линија и атмосферска канализација.
Вие сте избрани да им служите на граѓаните, да ги решавате нивните проблеми и да ги подобрите нивните услови за живот, а не да и служите на партијата и вашиот лидер Христијан Мицкоски.
Поради вашето неодговорно и непрофесионално однесување поради напуштање на 34 седница на Совет, бараме во знак на извинување да се откажете од паушалниот надоместок, бидејќи советниците добиваат надомест само во случај кога присуствуваат на седниците на Совет.
За крај, сакаме да ве прашаме:
После ова непочитување од ваша страна како мислите да се појавите пред кој и да било жител на село Сопот, да тропнете на која и да било врата?
Како ли само планирате да ја побарате нивната доверба на следните парламентарни избори?