fbpx

Одобрени 2.583 барања во вредност од 29,3 милиони евра од бескаматната кредитна линија „Ковид 3“ поддршката за економијата продолжува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Продолжува поддршката за стопанството и работниците преку навремените и ефикасни економски политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Продолжува реализацијата на бескаматната кредитна линија со грант компонента ,,Ковид 3”, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија.

Досега, одобрени се 2.583 кредитни барања во вкупен износ од 29,3 милиони евра.

Според структурата на одобрените кредитни барања, 1.368 кредитни барања се од мали компании, 999 се од микро компании, 164 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 52 кредитни барања се од занаетчии.

Вкупниот буџет за оваа кредитна линија за бескаматни кредити кои се реализираат преку Развојната банка изнесува 31 милион евра.

Ова се финансиски средства кои завршуваат како директна помош во македонската економија во справувањето со последиците од коронакризата и зајакнување на ликвидноста на малите и микрo компании како и на занаетчиите и самостојните вршители на дејност.

Како партија насочена кон интересите на граѓаните и стопанството, продолжуваме со реализација на мерките и политиките кои ја зајакнуваат домашната економија и обезбедуваат услови за забрзан економски раст.

Остануваме посветени на градење, силна, стабилна и развојна македонска економија.

Последни вести