fbpx

СДСМ Битола со едукативна акција на населението за рана детекција на дијабетес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Билјана Гагачовска – Претседател на комисија за здравство ОО СДСМ Битола

 

Денес, 14.11.2019 г е светскиот ден за борба против дијабетот. Годинашната порака е Семејството и дијабетот – подигање на свесноста и препознавање за предупредувачките знаци на дијабетесот како и ризикот од дијабет тип 2. Четири од пет семејства кои имаат член со дијабет потврдуваат дека не ги забележале или имале проблем да ги забележат раните знаците на дијабет кај своите блиски во семејството.

Затоа СДСМ и комисијата за здравство на ОО Битола одлучија да спроведат едукативна акција во приградските средини и да извршат едукација на населението за рана детекција на знаци на дијабет.

СДСМ како одговорна партија на власт се грижи за здравјето на сите граѓани посебно за квалитетните терапии достапни на пациентите. Лицата со дијабет имаат право на квалитетни здравствени услуги, современи инсулински терапии и квалитетен живот.

Го укинавме паралелниот увоз на инсулин и терапија за дијабетес. Паралелниот увоз не гарантираше квалитет на инсулинот, ниту пак имавме контрола дали терапијата која им е потребна на пациентите во земјава влегува исправна, дали е запазен неопходниот ладен синџир кога се транспортираат овие лекови.

Министерство за здравство воведе два нови типови на инсулин Тресиба која е наменета и за децата и инсулинот Фиасп, како и Виктоза кој е лек од најновата генерација за третман на Дијабетес тип 2. Со тоа, современата антидијабетична терапија ја овозможуваме за нашите граѓани, достапна за сите пациенти со дијагностициран дијабет.

Здравјето пред се.

Последни вести