fbpx

Лажна вест, не постои и нема да постои партиско вакцинирање

Facebook
Twitter
LinkedIn

Ова е невистина, лажна вест, целосна измислица со креирана графичка монтажа. Целта е манипулација на граѓаните во услови на пандемија, вештачко создавање негативни емоции и да му наштети на угледот на СДСМ. Тоа нема да го дозволиме. Следуваат и соодветни пријави до надлежните институции.

Во моментов оваа монтажа се шири на социјалните мрежи, Фејсбук и Твитер, ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и ако забележат вакви или други случаи, што е кривично дело, лажно претставување, да се обратат до СДСМ преку официјалните канали, за да можеме соодветно да реагираме.

Не постои и нема да постои партиско вакцинирање. Тоа е само во главите и опасните умови на подрумите и Фејкњуз лабораториите кои имаат за цел да страда народот. Тоа се истите што ширеа лажни вести за Референдумот, за Пописот, истите кои се во постојана координација со “радикалното” манипулаторско ткиво на структурите блиски до ВМРО-ДПМНЕ и до Левица!

Последни вести