fbpx

Додека ВМРО-ДПМНЕ работи против земјоделците, извозот на јаболка лани донесе девизен прилив од 25 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ шири дезинформации во врска со откупот на јаболката, но фактите го потврдуваат токму спротивното дека институциите предводени од СДСМ посветено работат домашното земјоделство да биде поконкурентно, а субвенциите се исплаќаат редовно и неселективно.

Во изминатата 2020 та година, на пазарите на големо, кај сите видови на овошје, а особено кај сите сорти на јаболка се бележи рапидно зголемување на цените во однос на 2019 та година. Така просечната цена за откуп на златен делишес е зголемена за речиси 80%, а за ајдаред за над 50%, најмал пораст има кај цената на јонаголд за речиси 7%.

Истовремено јаболкото, е најизвезувано овошје во минатата година, кое донело 25 милиони евра девизен прилив во државата и на него отпаѓа над 40% од вкупниот извоз на овошје од Македонија.

И покрај здравствената и економска криза во светот субвенциите се исплаќаат редовно. Во 2020 година редовно и неселективно се исплатени вкупно над 4,9 милијарди денари субвенции, а се подмируваа заостанати неисплатени субвенции од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година.

Во подготовка е исплата на основните субвенции за овоштарството за 2020 година, кои имаат законски рок за исплата до 30 јуни годинава.

Институциите ја следат состојбата во земјоделството и ако има потреба ќе реагираат со интервентни и дополнителни мерки, како што беше случајот пред две години, кога поради невремето во преспанскиот крај беа исплатени дополнителни субвенции за јаболката.

Се очекува и изградба на три откупно-дистрибутивни центри во Скопје, Струмица и Ресен, кои дополнително ќе го поттикнат земјоделското производство и ќе го олеснат откупот на земјоделските производи.

Преку програмата ИПАРД 2 во Ресен се одобрени вкупно 260 проекти по трите мерки со вкупна вредност од 282,319,311 денари или близу 4,6 милиони евра.

Тоа се сериозни средства кои се вложени во домашниот агро сектор за инвестиции во модернизација на земјоделските стопанства, за модернизација на постојните или отворање на нови производни капацитети и кои на домашното произведено овошје и зеленчук му даваат додадена вредност. Со помош на средствата од ИПАРД 2 програмата сериозно го модернизираме домашното земјоделство, ги намалуваме производните трошоци, но, и работните часови на нива, а домашното производство станува поконкурентно.

Последни вести