Прес конференција, ОО СДСМ Свети Николе
Почитувани сограѓани,
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија постојано работи во интерес на граѓаните и секогаш е помеѓу граѓаните за од близу да ги слушнеме Вашите проблеми и барања и заедно да најдеме решение за истите.
За таа цел Ве повикуваме да дојдете на граѓанската трибина која ќе се одржи на 11.11 понеделник од 20:00 часот во Кино салата при домот на културата Крсте Мисирков во Свети николе каде што свое обраќање ќе имаат : Радмила Шекеринска министер за одбрана, Трајан Димковски министер за земјоделие и градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски.
Приклучете се на вистинскиот, на правиот пат заедно за економски раст, повеќе пари кај граѓаните, напредок, сигурност и стабилност.