Прес конференција, Елизабета Наумовска, претседателка на Комисија за образование и наука на СДСМ
Почитувани,
На прав пат сме.
Владата предводена од СДСМ го знае фактот дека подобрувањето на квалитетот на образованието пред се започнува и зависи од непосредните извршители – наставниците во основните училишта и професорите и нивните соработници во високо образовните институции.
Мотивиран, задоволен наставен кадар е сигурна гаранција за спроведување на отпочнатите проекти за подобрување на квалитетот на образованието во сите нивоа – основно, средно и високо образование.
Во нашата изборна програма ветивме дека ќе дадеме целосна поддршка на наставниот кадар и ќе ја браниме честа, достоинството и автономноста на професијата наставник. Наставниците во Република Северна Македонија ја заслужуваат таа поддршка, бидејќи без мотивирани наставници нема успешни образовни промени.
Ветивме дека ќе ги зголемиме платите на наставниците и професорите, потврда за тоа се официјалните податоци:
o Септември 2018 за 5%,
o Септември 2019 уште нови 5% и
o Деновиве владата предводена од СДСМ му понуди, а СОНК прифати, НОВИ 10% покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование,
Што значи, за само неполни две години платите на вработените во образованието ратстат за историски 21,3 % во основно, средно и високо образование
· Водиме грижа и за вработените во областа на науката, а тоа го потврдува и фактот дека во научните институти досега беа зголемени дватапти по 5% и НЕОДАМНА со одлука на влада ЗА НОВИ 25%
На наставниците во основното и во средното образование им се потребни поддршка и стимулација, а не закани и казни.
Додека во времето на владеење на вмро-дпмне наставниците трпеа притисок на закани и казни за да се држат вработените под целосна партиска контрола. Инспекциските служби и екстерното тестирање беа користени како инструменти за држење во покорност на наставниците и професорите, наместо да се работи на подигнување на квалитетот на образованието,
И покрај бројните празни предизборни ветувања за покачување на платите за 10% пред секои предвремени избори на вмро-дпмне, наставниците знаат и паметат дека единственото реално покачување на платите на наставниците во основните и средните училишта во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше во 2014 година и тоа НЕ ЗА 5% како што ја манипулираа јавноста, туку за само 4%.
Оваа влада предводена од СДСМ во јануарската плата на наставниците и професорите за две години им обезбедува зголемена нето основица на плата за 4 500 денари сметано од 2017 до јануари 2020, што е историско покачување на платите, односно вработените во основните и средните училишта, но и вработените во државните високошколски институции ќе добиваат плата за нови 10%.
На прав пат сме! Како одговорна партија остануваме постветени на градење квалитетни образовни политики и подигање на достоинството и дигнитетот на професијата наставник.