fbpx

Маврово Ростуша е на прав пат, нова општинска зграда, реновирани повеќе патни правци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, ОО СДСМ Маврово и Ростуше

 

Почитувани сограѓани од општина Маврово и Ростуше,

Вашата доверба која ни ја дадовте пред две години, за нас беше и останува голема чест но и одговорност. Ветивме посветена, чесна и домаќинска работа а во соработка со Вас ги креиравме приоритетите и потребите на граѓаните.

Со превземањето на власта и одговорноста во локалната самоуправа веднаш почнавме со реализација на предвидените проекти чија цел е подобар живот за сите наши жители.

Денес со задоволство стоиме исправени пред Вас да презентираме дел од проектите кои се завршени, се во тек или наскоро ќе започне нивната реализација:

– Нова општинска зграда во вкупна вредност од околу 18 милиони денари.
– Реконструкција, проширување и асфалтирање на патен правец во с. Велебрдо во должина од околу 1 км во вредност од околу 2 милиони денари.
– Атмосферска канализација во с. Велебрдо во вредност од околу 1 милион денари.
– Селска водоводна мрежа во с. Требиште во вредност од околу 1,7 милиони денари.
– Потпорни ѕидови во с. Жировница со кој ќе се обезбедат над 50 паркинг места, проект вреден над 8 милиони денари.

– Реконструкција и асфалтирање на локален пат до Ново Село проект вреден околу 1.4 милиони денари.
– Реконструкција, рехабилитација на локален пат во с. Присојница, проект вреден околу 4.2 милиони денари.
– Реконструкција со доградба на локален пат до с. Ростуше обезбедени над 20 милиони денари од АФПЗРР.
– Изградба на канализациона мрежа во с. Ростуше, проект во вредност од околу 3 милиони денари.
– Санација на доводна линија за водоснабдување во с. Скудриње, проект вреден околу 1,4 милиони денари.
– Реконструкција, проширување и асфалтирање на дел од локален пат за с. Скудриње, во вредност од околу 12 милиони денари.
– Изградба на паркинг и реконструкција на две улици во Маврово, проект вреден над 6 милиони денари за кои се обезбедени срества од сопствениот буџет на Општината.
– Се реконструира патот околу мавровско езеро од страна на ЈПДП.
– Изградба на водовод во с. Аџиевци преку Министерството за транспорт и врски, проект вреден околу 7 милиони денари.
– Канализациона мрежа во Маврови Анови, проект во вредност од околу 500.000 евра..
– Рехабилитација на крак за Бигорски манастир и собраќајно решавање на крсосницата пред Бигорски Манастир
Вредност на Договорот 23.280.000,00

Санација на свлечиште на патот Р2238, делнива Маврово – Галичник

Вредност на Договорот 23.482.000,

– Преку ЈП “Македонијапат“ – предвидено е асфалтирање на патот кој поминува на круната на браната Маврово

Вредноста на Работите е 2.000.000,00 денари

Решавање на црна точка на патот Маврово – Дебар која опфаќа рехабилитација и поправка на нов коловоз од 280 м и поставување на комплетно нова сигнализација

Вредност на Договорот 5.000.000.00

– Рехабилитација на регионален пат Р2335 делница Маврово – Никифорово, поставување на нов асфалтен слој, посавување на нова хоризунтална и вертикална сообраќајна сигнализација.Рехабилитацијата е извршена во вкупна должина од 6.6 км со ширина од 6м на патот.

Вредност на Договорот 62.000.000,00

– Рехабилитација на регионалниот пат Р1201 од Брана маврово до Жировнички мост

Моментално се вршат допроектирања на проектот кога ќе завршат а тоа се очекува наредната година ќе се објави јавна набка за избор на Изведувач и Надзорен орган и ќе се отпочне со рехабилитација.

Маврово и Ростуше е на Прав пат, продолжуваме заедно со граѓаните.

Последни вести