fbpx

Над 17 милиони евра инвестирани во образование, обезбедуваме квалитетно образование за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција,  Никола Рилак, Потпретседател на СДММ Штип,

Почитувани,

На прав пат сме.

Владата предводена од СДСМ го смета образованието, обуката, истражувањето и иновациите како клучни фактори за зајакнување на државата.

Изминатиов период, Владата инвестира во стручното образование и обука. Во рамки на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации поддржан од Светска банка во изминатите две години интензивно работевме на креирање нови 1.182 наставни програми за 52 профили во четиригодишното средно стручно образование, откако со поддршка на Европската унија беа изготвени нови наставни програми за две и тригодишното средно стручно образование.

Додека во минатото ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше училиштата кои долги години „животареа“ со блокирани сметки, СДСМ докажува дека се грижи за младите и нивната иднина во државата. Само со проектот СКИЛС (проект за развој на вештини и поддршка на иновации) финансиран од заем од Светска банка во висина од 17.700.000 евра, од кои 8.500.000 за Министерството за образование и наука, а имплементатор е Министерството за образование и наука и сите образовни институции во нашата држава, во тек е опремување на стручни училишта со современа ИКТ опрема (смарт табли, компјутери и друга ИКТ технологија), но и современа стручна опрема на кабинети и работилници за изведување на практичната настава во стручните училишта.

 

Стручното образование и обука е високо позициониран приоритет во владината програма за работа. Во оваа насока се планираат и нови реформи. Ќе ја издвојам намерата за основање три центри за стручно образование и обука кои предвидуваат креирање услови за комплетирање на формалното задолжително образование, но и можности за преквалификување како и зајакнување и надградба на практичните вештини, со што на невработените лица им се олеснува пристапот до пазарот на трудот.

Центрите ќе работат и на континуиран професионален развој на наставен кадар, би работеле и со лица со посебни образовни потреби, лица на кои им е потребна валидација на претходно стекнато образование, ќе нудат образование за возрасни, поврзување на училишта со бизнис заедница.

На прав пат сме!

Како одговорна партија остануваме постветени на градење квалитетни и компетентни млади и нови стручни кадри кои својата кариера и професионален развој ќе го реализираат нашата земја.

Последни вести