Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Се поголема е нервозата кај Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ откако не успеа нивниот обид преку пласирање на чувствителни информации да саботираат важна, сложена полициска акција против група која незаконски издавала патни исправи.
Но не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да биде вмешана во скандали со патни исправи.
Потсетуваме на скандалот со гласачите од Пустец на локалните избори во Општина Центар во 2013 година, кои преку документи издадени од МВР беа впишувани повеќе од 100 лица на една иста адреса, во обид да се фалсификува волјата на граѓаните.
Второ, по смената на власта во 2017, двајца истакнати кадри на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа на високи позиции во УБК за време на режимот, со македонски пасоши со лажни идентитети преминаа во соседна Грција, за да избегнат кривичен прогон за тешки кривични дела во земјата.
Денес, оваа партија предводена од Мицкоски откако не успеа да ја саботира акцијата, се обидува да ја префрли одговорноста на институциите кои ја спроведуваат акцијата и постапуваат согласно законите.
Како што објави и самото Министерство за внатрешни работи, истрагата за пасошите се води подолг период бидејќи се преземаат дејствија кои имаат и меѓународни импликации. Во целиот процес се соработува со нашите стратешки сојузници за да се расчистат сите околности поврзани со лицата кои на нелегален начин стекнале македонски пасош со туѓ идентитет.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сето ова се обидуваа да го загрозат и со тоа потврдија дека остануваат на браникот на криминалот.
Ваквото нивно однесување, овие обиди за саботажа, повлекува и истрага за утврдување на одговорност.
Граѓаните, целата јавност заслужуваат одговори за мотивите и целите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се впуштат во загрозување на полициска акција.
Без разлика колку и тоа е да е неприфатливо за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, институциите, продолжуваат со бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на секое ниво.
Секој кој сторил кривично дело ќе одговара и ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ ќе можат да го заштитат.