fbpx

Дали контактите на Мицкоски со еден од уапсените во акцијата „Двојник“ е мотивот тој да се обиде да ја саботира полициската операција?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на прес-конференција на Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ

За ВМРО-ДПМНЕ е несфатливо дека денес за разлика од времето на режимот, законите важат за сите подеднакво и дека нема заштитени поедници кои се над правдата.

Министерство за внатрешни работи јавно соопшти дека еден од приведените во полициската акција „Двојник“ „имал контакти“ и бил „во тесна врска“ токму со бранителот на криминалот Христијан Мицкоски.

Дали ова е причината, дали ова се мотивите што го натераа Мицкоски да се обидува да загрозува сложена полициска операција, јавно изнесувајќи детали додека акцијата траеше?

Одговор на ова треба да даде независна, професионална истрага од надлежни инситуции.

ВМРО-ДПМНЕ можат да се обидуваат да ја извртуваат вистината до недоглед, но фактите се јасни, полициската акција е спроведена успешно, а Мицкоски не успеа да ја саботира.

Мицкоски уште еднаш не успеа да го одбрани криминалот, затоа нервозата во белиот дворец секој ден е се поголема.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно не учат од лекциите и поразите. Заврши времето на недопирливи, нема компромис со криминалот, секој што прекршил закон мора да се соочи и се соочува со одговорност.

Последни вести