fbpx

За 2 години реализиравме повеќе од ветеното, Штип е на прав пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Интегрален текст, Б.Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ и Градоналник на Општина Штип

Почитувани,

Во изминативе две години во кои ја имам честа и одговорноста да бидам градоначалник на Општина Штип, Штип остварува напредок и успеси коишто одамна сите ние штипјани ги заслужуваме.

Во минатото, Штип талкаше дезоирентирано и бесцелно, со безидејно водство и стагнација на многу полиња.

Но, во изминативе две години покажавме дека со вредна работа, настојчивост и упорност му го даваме на Штип местото кое го заслужува: вистински универзитетски и претприемачки центар кој на сиот регион му го покажува патот кон европски вредности и европско секојдневие.

Наследивме Општина со бројни проблеми, со празна општинска каса и јавни претпријатија затрупани во долгови. Но тоа не нѐ обесхрабри, ниту пак нѐ поколеба.

Уште првиот месец се фативме за работа и почнавме со решавање на проблемите и изнаоѓање одржливи решенија за сите наши сограѓани.

Во првиот месец од мојата работа како градоначалник ги започнавме проектите за изградба на детска градинка во населба Сењак и водоводна мрежа во населба Балканска. Денес овие два проекти се реализирани, а на огромно задоволство на сите штипјани.

После триесет години се решава проблемот на сместувачки капацитети за дечиња во детските градинки. Штипјани повеќе нема да чекаат година дена за да си ги запишат дечињата во градинка. Освен новата детска градинка со капацитет за згрижување на над 200 дечиња, ние се грижиме и за сите постоечки клонови на двете градинки во градот: ги реновираме, ги осовременуваме и ги оспособуваме за во секоја од нив децата да добиваат соодветна грижа и воспитување во достоинствени услови.

Во изминативе 2 години обезбедивме и бесплатен престој во градинките на деца на самохрани родители.

Повеќедеценискиот проблем на жителите на населба Балканска не беше решен од многу гарнитури претходно, дури ниту од високи функционери кои што  живеат во таа населба и свесно го игнорираа тој проблем.Жителите на населба Балканска конечно имаат чиста и здрава вода за пиење од градскиот водовод. Го исполнивме ветувањето кое го дадовме пред изборите.

Во минатото, парите на граѓаните се трошеа на прескапи жардинерии на плоштад и импровизирани проекти од кои граѓаните немаа придобивки.

Денес, Општина Штип е најтранспарентнa веб-општина во државата. Граѓаните знаат каде и за која намена се троши и последното денарче од општинскиот буџет, а секојдневно се реализираат проекти од огромно значење за унапредување на квалитетот на живеење на сите.

Изградивме нова платформа за паркинг во централното градско подрачје, со што обезбедивме комплетно нови паркинг места во срцето на градот.

Додека ВМРО-ДПМНЕ за време на нивното владеење ја покачи цената на водата за 39 проценти, и притоа не  убедуваа дека мора да се покачи, ние ја намаливме цената на водата за пиење за 10%, со што целосно го исполнивме ова наше ветување. Покрај тоа што ја намаливме цената на водата за пиење, ЈП „Исар“ исто така почна да работи домаќински и одговорно, заради што успеваме не само да ги реализираме секојдневните активности, туку исто така и набавивме две нови машини за ЈП „Исар“ и направивме заштеда од 10 милиони денари за две години на основ на потрошени нафтени деривати.

Изградивме и реконструиравме 50 улици.

Обиколницата со изградба на нов кружен тек и нов мост на река Брегалница е во завршна фаза.

Се грижиме и за пешачката инфраструктура: целосно реконструиравме тротоари во повеќе делови од градот, односно пешачка површина со повеќе од 11000 метри квадратни. Изградивме нов тротоар кон Кампус 4, со што ги обезбедивме студентите како учесници во сообраќајот, но со тоа и им врачивме нова пешачка содржина на жителите од населба Железничка.

Штип ќе биде една од наредните гасифицирани Општини и тоа е особено значајно постигнување за нашиот град.

Енергетски оспособивме три објекти во Општинава со зелени извори на енергија, односно фотоволтаици.

Се разбира, најголемо достигнување е реализацијата на повеќедеценискиот сон на штипјани: изградба на брана на река Отиња. Изградбата на брана ќе ја реализираме заеднички со Влада на Република Северна Македонија, со огромна поддршка од премиерот Зоран Заев, а граѓаните на Штип конечно ќе го добијат проектот кој со години го посакуваат.

Почитувани,

Моја основна цел во секојдневното работење како градоналник е да издејствувам доследна и темелна изработка на сите активности и потфати кои ги преземаме. Најголемо внимание посветуваме на тоа да добиеме квалитетна и трајно добра изработка на секое поле. За нас останува приоритет темелниот пристап кон решавањето на проблемите, како и обезбеувањето квалитетна и долготрајна инфраструктура за сите граѓани.

До крајот на годинава во Штип ќе биде забележано највисоко ниво на капитални инвестиции од околу 200 милиони денари.

Градиме општина која е полна со креативност и можности за сите, општина во која различностите обединуваат.

На половина од мандатот со задоволство констатирам дека реализиравме многу од ветеното.

За нас, важни се сите граѓани и сите нивни потреби.

Работиме во интерес на граѓаните.  

Штип е на прав пат.

 

Последни вести