Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ повторно прави конструкции и шири лажни вести, кои се далеку од реалноста и од фактите.
Како што е веќе потврдено, откриени се многу помалку двојни матични броеви, а не 20.000 како што лаже ВМРО-ДПМНЕ и тие се веќе поништени или се во постапка за поништување.
Институциите предводени од СДСМ водат бескомпромисна борба против криминалот, а ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа дека правдата е неселективна, дека секој што се огрешил пред законот ќе одговара.
Времето на заробена држава е завршено, но јавноста памети како ВМРО-ДПМНЕ преку ноќ издаваше пасоши и лични карти на лица што не се од општина Центар, за да ја фалсификува волјата на граѓаните во 2013 година.
Соочени со фрустрациите од поразите, во ВМРО-ДПМНЕ никако да се откажат од намерите да им наштетуваат на граѓаните, институциите и државата.
Токму заради ваквото однесување ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред губи на избори, а ваквите измислици нема да им обезбедат алиби за поразите досега и за извесниот пораз на локалните избори на есен.