fbpx

Не може ВМРО-ДПМНЕ да зборува дека е за НАТО, а да не гласа за закони што го овозможуваат нашето членство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ

П: Дали ќе бидете вие новиот технички премиер?
 

Не. Сакам само да кажам дека за техничкиот премиер дискусијата ќе се води тогаш кога ќе дојде моментот и апсолутно сметам дека тоа занимавање со прашање кое што е техничко ни го троши времето и енергијата. Фокусот сега мора да ни биде на работи коишто опозицијата како да сака да ги одолговлечи, јас спомнав дека НАТО е наша точка на кохезија меѓутоа членството во НАТО значи и наши обрски коишто сме ги презеле, значи ратификација на НАТО  протоколот, значи измени во законот за одбрана и измени во законот за служба на армијата. Јас очекувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да става сопки на тој успех коишто го издејствувавме, членство во НАТО, за жал добивам само молк дали двотретинскиот закон за одбрана ќе го поддржат или нема да го поддржат. Мислам дека на јавноста и е преку глава од реченици коишто ги слушаат од ВМРО-ДПМНЕ, а после тоа не се проследени со ниту еден чекор. Не можаш да бидеш за НАТО, а после да не гласаш за закони кои ќе го овозможат нашето членство, не може да бидеш за членство во НАТО и ЕУ, а секаде каде треба двотретинско мнозинство да го спречуваш и блокираш и оневозможуваш, не може да зборуваш за реформи во ЕУ, а пола од реформите за медиумската сфера да се блокирани поради Комисијата за избори и именување. Тоа е таа разлика помеѓу зборувањето за ЕУ и НАТО и работењето за ЕУ и НАТО.

 

Последни вести