fbpx

Дали ВМРО-ДПМНЕ кога зборува за обнова мисли на обнова со насилство и омраза?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Александар Кангалов, претседател на ОО СДСМ Штип

Почитувани,

Утрово се разбудивме со непријатни вести за запалени автомобили на семејството на претходниот претседател на ОО СДСМ Штип, Никола Тушев.

Прашуваме:

Дали на ова мисли Мицкоски кога зборува за обнова?

Дали всушност се зборува за обнова на режимот?

Дали се работи на обнова на насилништвото?

Дали се работи на обнова на бандитите и несигурноста?

Дали оние со спротивставено мислење не нудат ништо освен обнова на режимската матрица, одбрана на криминалот и обнова на омразата и поделбите?

Секој чин на насилство, заплашување и загрозување на индивидуалната и колективната безбедност е за најостра осуда.

Оставаме истрагата да покаже точно кои се сторителите и кој е нивниот мотив.

Длабоко сме убедени дека институциите работат за брзо и ефикасно разрешување.

Силно ги осудуваме сторителите на немилиот настан утринава, но гласно порачуваме: ние сме на прав пат и нема да нѐ поколебате.

 

Последни вести