Прес-конференција, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Владата предводена од СДСМ продолжува со поддршка на домашната економија и преку петтиот пакет економски мерки.
Воведуваме нова линија бескаматни кредити во износ од 615 милиони денари или 10 милиони евра, пари од Буџетот, кои ќе се пласираат преку Развојната банка.
Висината на поединечните кредити ќе изнесува од 3.000 до 30.000 евра а нејзини корисници се фирми од областа на туризмот, угостителството, ивент-индустријата, приватните здравствени установи, трговци поединци и занаетчии.
Оваа мерка има за цел да ја поддржи ликвидноста во стопанствотои да ја стимулира инвестициската активност на компаниите.
Условите за оваа линија се направени на начин да ги наградуваат успешноста во работењето на фирмите, инвестициите и проширувањето на капацитетите.
„Ковид4“ линијата предвидува грантови за успешност во случај доколку фирмите ги зголемат вкупните приходи во 2021 година за најмалку 10% споредено со 2020 година – тогаш ќе имаат право да побараат грант од 30% од кредитот, или во случај доколку го зголемат бројот на вработени во 2021 година за најмалку 5% – тогаш ќе можат да побараат грант од 20%.
Ако се исполнат и првиот и вториот услов, кредитокорисникот може да оствари право на грант од 50%.
Вкупната сума на грантот може да изнесува од 600 евра – минимален износ, до 15.000 евра – максимален износ. Фирмите ќе можат да поднесат барање за грант-средства до банката, во моментот кога ќе отплатат 40% од кредитот.
Оваа кредитна линија е наменета за микро, мали и средни трговски друштва до 250 вработени од дејностите туризам, угостителство, ивент индустрија и транспорт, приватните здравствени установи, трговците поединци и занаетчиите, кои можат да докажат пад на приходите од најмалку 30% и имаат капитал и резерви во своите биланси не помалку од 33% од износот на бараниот кредит.
Со линијата „Ковд 4“ продолжува поддршката за домашната економија и помошта да се зачуваат што повеќе работни места во пост ковид периодот.
Остануваме посветени на реализација на мерките и полиитките што носат економски раст и развој и подобар животен стандард за сите.