fbpx

Каевски за „Само вистина“: Верувам дека овој пат опозицијата ќе биде конструктивна и нема да го кочи шестиот пакет мерки во Собранието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Оваа Влада од 2017 година се залага за голема транспарентност и отчетност, правдата да важи за сите подеднакво, секој што се огрешил пред законот да одговора, граѓаните видоа дека нема селективна правда и дека нема пардон за никој што се огрешил, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој ја повика опозицијата ако смета дека има злоупотреба нека поведе постапка, граѓаните да ја дознаат вистината, бидејќи за разлика од едно поранешно време, денеска институциите постапуваат, не гледаат кој од која политичка партија е, не го гледаат етникумот, туку делото за кое е сторено или не е сторено.

Едно е да се пласира на Фејсбук, а друго е реалноста, а голем број релевантни институции посочија дека профилот на Христијан Мицкоски е извор на лажни вести, што се докажа и во изминатиот период, рече Каевски, нагласувајќи дека нема злоупотреби во набавката на вакцини.

Држава сме во која се делува, има полициски акции, се затвараат криминалци, нема пардон за ниту еден криминалец, нема селективна правда, истакна Каевски, додавајќи дека денеска се изречени пресуди за нелегално издавање пасоши, а Христијан Мицкоски не одговори кој е мотивот еден ден пред завршување на акцијата да излезе на прес и да ја обелодени.

Ние мораме да направиме јасна разлика меѓу извршната и судската власт, да ја вратиме довербата на граѓаните во судството, да ја оставиме судската власт да носи пресуди, да отвора истраги, рече Каевски, нагласувајќи дека кај правдата од 2017 година имаме напредок кој е нотиран од релевантни институции.

Каевски истакна дека луѓето кои на 27 април 2017 година влегоа во Собранието и посегнаа по животите на пратениците не можат да се наречат уставобранители.

Впрочем видовме кои беа мотивите за влегување во Собранието на одредена група, според мене изманипулирани од ВМРО-ДПМНЕ, за да останат на власт, за највисокото раководство да се спасат од прогонот, нагласи Каевски, додавајќи дека неодамнешниот протест многу наликуваше на 27 април.

За најавата за формирање на 8 пратенички групи од ВМРО-ДПМНЕ, Каевски потсети дека опозицијата направи исто вакво сценарио пред 27 април и повторно ги има тие мрачни сценарија и изрази надеж дека прогресивните политики во ВМРО-ДПМНЕ ќе надвладеат.

Во врска со шестиот пакет мерки, Каевски рече дека се очекува дека следната недела ќе влезат во собраниска процедура.

Верувам дека овој пат опозицијата ќе биде конструктивна и нема да го кочи, односно нема да ги брои пратениците, за што поскоро парите да стигнат каде што се наменети, важно е да изгласа шестиот пакет, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Последни вести