fbpx

Уште лаги од ВМРО-ДПМНЕ, со посочената компанија соработувал и Коце Трајановски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО ДПМНЕ продолжува со очајно ширење лаги и измислување на непостоечки случаи со кои се обидува да ја манипулира јавноста.

Соработката со посочената компанија се заснова на јавен тендер, кој ги исполнил сите законски постапки.

Уште еден факт со кој се побиваат шпекулациите и невистините на ВМРО ДПМНЕ е и дека истата оваа компанија соработувала со Град Скопје и во минатото, кога градоначалник на Град Скопје бил Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што Скопје, под раководство на СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов прераснува во модерен, уреден, европски град, па упорно шири невистини и лажни обвинувања.

ВМРО-ДПМНЕ повеќе од две децении раководеше со Град Скопје и потроши стотици милиони евра народни пари за обезличување на градот со проектот Скопје 2014, за лажен барок, стиропор што глуми мермер, жални врби, палми и споменици.

СДСМ се грижи за граѓаните, за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле важни интересите на Град Скопје, интересите на скопјани, за ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш бил важен само личниот и партиски интерес.

Помина времето кога за споменик се плаќаше 10.000.000 евра, за панорамско тркало 20.000.000 евра, помина и нема да се врати.

Граѓаните континуирано, шест пати за четири години ги казнуваат погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести