На прав пат сме, 16,5 милиони евра од ИПАРД за развој на рурален развој

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Сашко Петров – портпарол на ОО СДСМ Кавадарци

 

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани граѓани,

16.5 милиони евра пари се ставени на располагање на земјоделците, преработувачите, занаетчиите, трговците, угостителите и други физички и правни лица чии инвестиции се насочени во руралните средини.

Со финансиската подршка на Европската Унијаоваа финансиска инјекција, реализаирана преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенциј, ќе се изврши поврат од 65% на сите прифатливи инвестиции за преработка на прехрамбени и непрехранбени производи, на инвестициите во развој на занетчиските производи , инвестициите во услуги за руралното население и инвестициите во промоција на руралниот туризам.

Со имплементацијата на оваа мерка, во македонските села и рурални општини ќе никнат нови производствени капацитети, занаетчиски работилници, приватни градинки и домови за стари лица, ветеринарни станици, сместувачки , угостителски објекти за гастро – туризам и информатички и спортско – рекреативни центри.

Искористеноста на европската помош во земјоделството и руралниот развој е врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ.

Во време на ВМРО ДПМНЕ ИПАРД програмата бележеше рекорден процент на неискористеност од само 20% или само 12 милиони евра.

Денес, само со еден јавен повик се исплаќаат близу 20 милиони евра, а во процес на потпишување се дополнителни 800 договори за финансиска поддршка со што искористеноста на програмата ќе достигне над 50% од вкупниот расположлив буџет.

Нашата посветеност и новиот концепт на ефективна работа дава јасен знак дека сме на прав пат.

Со оваа пресконференција ги охрабтуваме сите заинтересирани граѓани од општина Кавадарци да аплицираат на објавениот оглас.