fbpx

Честит Ден на Европа, иднината на нашите млади е во ЕУ, остануваме посветени на интегративниот процес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање, Марко Михаилоски, претседател на СДММ

 

 

Почитувани млади,

Нека е честит 9 Мај – Денот на Европа.

Младите можат слободно да го искористат својот потенцијал, да имаат можност да волонтираат, да студираат надвор од границите на својата држава, да стекнат знаење и искуство кое ќе го вратат дома.

Прогресивните млади луѓе кои носат демократски промени се лидери на патот до ЕУ.

Младите луѓе од Република Северна Македонија сакаат да се еднакви и да уживаат еднакви права и придобивки како нивните врсници од Европа.

Како прогресивна младина, СДММ постојано работи и дејствува тоа да стане реалност што поскоро.

Важноста на Европската Унија е во заедничките вредности, култура, прогресивност и инклузивни политики кои креираат еднакво општество со еднакви можности за сите, човекови права и нивно спроведување во пракса.

Општество кое се бори за родова еднаквост и безбедно опкружување за следните генерации.

Со пристапувањето кон Европската Унија, сигурни сме дека ќе го промениме моментот на одлив на млади, перспективни сили и дека младите ќе изберат да останат и да создаваат дома.

Креираме и реализираме политики што имаат за цел да ги задржат младите дома, во својата татковина.

Продолжуваме заедно да моделираме силна европска иднина за нашата држава и нов модерен имиџ за нашите млади.

Последни вести